По повод годишнината од епископската хиротонија на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов редакцијата на Католици.мк му ја честита годишнината и му посакува Божји благослов во неговата пастирска служба.
Бискупот Стојанов е хиротонисан за епископ на 1 мај 1999 година во Скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“. Главен посветител беше украинскиот архиепископ Мирослав Стефан Марусин, тогашен секретар на Конгрегацијата за Источни цркви, а сопосветители беа тогашниот Скопскиот бискуп Јоаким Хербут и бискупот од Крижевци Славомир Микловш.
На многаја лета владико!