Скопје: Годишнина од смртта на Кјара Лубик

Скопје: Годишнина од смртта на Кјара Лубик

На 14 март 2017 година на деветата годишнина од смртта на Кјара Лубик во црквата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје светата Литиргија ја предводеше монс. д-р Киро Стојанов, Скопски биксуп и Апостлски егзарх во Македонија.

Во својата проповед бискупот Стојанов од своето лично искуство од средба со Божјата слугинка го раскажа нејзиниот живот и делување преку барањата на Евангелието од литургиските читања (Матеј 23,1-12).

„Кјара, колку што јас лично ја познавам, самата беше скромна и многу пати на дело ја покажа својата скромност и во своите зборови и во своите дела, а многу направи. Сметам дека едноставноста и скромноста ни недостасува, нека во тоа ни биде пример Божјата слугинка… Кјара беше покрај својот Учител! Гледаше што прави и како постапува, се научи да биде понизна и услужлива и го навестуваше Божјото слово насекаде каде што ќе стигнеше. Тоа нека биде и наша школа во која единствено Бог може вистински да процени тоа што го правиме… “

По завршувањето  на Мисата настанот продолжи во радосно заедништво а бискупот и членовите на Маријанското Дело – Движење на фоколарите, христијани и муслимани од Скопје.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот