Глупави и навистина глупави

Ако сакаш ли да изградиш заедница, сосема е исто дали станува збор за брак, семејство или некоја група, темелот мора да и биде „љубовта“. Тоа го знае секој. И секој ќе ти потврди дека си во право кога ќе кажеш: „Станува збор за љубов, животот без љубовта не е можен.“

Сепак во многу бракови, семејства, заедници, интересни групи владее раздор, кавга и тензии. Површно гледано, поводот најчесто се ситници: недоразбирања, несреќни зборови, глупаво однесување. И веќе атмосферата е затворена, а воодушевувањето е намалено. Длабоката причина на постепеното гасење и кршење на многумина некогаш со воодушевување започнати заедници не е ништо друго туку телесната тврдоглавост.

Љубовта започнува со тоа пто она кое се сака, има и сака да вредим, сè повеќче се напушта, за да биде тука повеќе за другите. Ако си со таква љубов во некоја група сам ќе изгледаш глупаво и така ќе се однесуваат кон тебе. Ќе те искористуваат. Но, издржи, издржи додека не станете двајца или повеќе кои сакаат така да живеат. И тогаш ќе се случи чудо. Заедничкиот живот тогаш со време ќе стане вистински празник. Повеќе нема да бидат глупави само оние кои љубат, туку и оние кои само критикуваат или навредени молчат затоа што некој ги надминал или затоа што не било онака како што тие сакале.

Алчноста и ароганцијата се спротивни полови на љубовта. Навистина глупави се оние кои не можат да живеат бидејќи не се во состојба да љубат.

Фрањевски манастир – Рама/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

 

Категорија: Свет

За авторот