Германските епископи против законот за истополови бракови

Германските епископи против законот за истополови бракови

Германскиот парламент во петок 30 јуни 2017 година го призна истополовиот брак, прифаќајки го нацрт законот кои го предложија социјалдемократите. Законот кој на истополовите парови им гарантира и посвојување деца е изгласан со 393 гласа ‘за’ и 226 ‘против’.

Кардинал Рајнхард Маркс, претседател на Епископската конференција на Германија, истакна пак дека бракот, и тоа не само според христијанските уверувања, е заедништво на живот и љубов помеѓу жена и маж, заедништво во склад со трајното начело за суштествена отвореност во пренесувањето на живот. Веруваме дека државата и понатаму треба да го штити и поттикнува таквиот облик на брак – истакна кардиналот и изрази сомнежи околу уставноста на споменатиот закон. Притоа, меѓу другото, истакна дека посебниот правен статус на бракот и неговата посебна заштита, криво се толкува поврзано со дискриминацијата на мажите и жените со хомосексуални склоности.

Критизирајќи ја одлуката на парламентот, берлинскиот надбискуп Хајнер Кох, одговорен за Пасторал со семејствата при Епископската конференција на Германија, изрази жалење поради тоа што законодавецот ја занемари суштинската содржина на поимот брак. Да се разликува не значи дискриминација – додаде надбискупот истакнувајќи дека е жално што институцијата брак влезе во системот на политичките стратегии. Црквата зајакнато ќе настојува да го промовира „католичкото сфаќање за бракот“ – истакна надбискупот Кох.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот