Генералниот директор на Реновабис во посета на Македонски Каритас

Генералниот директор на Реновабис во посета на Македонски Каритас

Од 20 до 23 јули 2023 година во посета на Католичката црква во Македонија престојуваат Генералниот директор на Реновабис отец проф. д-р Томас Шварц и раководителот на одделот за проекти г-дин Мартин Ленц. Во рамките на посетата остварија средба со директорот на Македонски Каритас отец д-р Зоран И. Стојанов и координаторот Спасе Спасов. Од страна на директорот и координарот високите гости од Реновабис одблиску беа запознати со мисијата, делувањето, постигнатите резултати и предизвиците со кои што Македонски Каритас се соочува. Директорот на Каритас отец Зоран искажа особена благодарност до Реновабис за одличната соработка. Се разговараше и за идните планирани проекти и проектни активности на Македонски Каритас.

Во рамките на посетата на Македонски Каритас, со високите гости од Германија беа направени и теренски посети на активности кои ги реализира Каритас при што беше посетен Едукативниот центар во Сарај – општина Босилово. На гостите детално им беше претставена работата и активностите на овој центар. Остварена е средба и со Градоначалникот на општина Босилово, г-дин Ристо Манчев, на која се зборуваше за проектите кои Македонски Каритас ги реализира на територијата на општината. Во Гевгелија претставниците на Реновабис го посетија Центарот Мајка Тереза и одблиску им беше презентирана работата на овој Центар.

Покрај тоа ги посетија Катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица, парохијата „Свети пророк Илија“ – Радово,  парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица, Радио Марија Македонија и манастирот на Сестрите Евхаристинки во Гевгелија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот