Генерална аудиенција: Практикувањето на верата не е само за постарите

Генерална аудиенција: Практикувањето на верата не е само за постарите

Продолжувајќи ја катехезата посветена за старите лица, папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 4 мај 2022 година ги потсети постарите дека нивното сведоштво за верата може да им даде на младите решителност и храброст.

На овонеделната Генерална аудиенција во центарот на катехезата на Папата беше библискиот лик на Елеазар како што е опишано во Втората книга Макавејска (2 Макавејска 6,18-31). Имено, тогашниот крал Антиох IV. му наредил на овој 90 годишен старец – кој бил во посебно напредната возраст со оглед на тоа дека очекуваниот животен век бил 40 години – да јаде свинско месо, што било забрането според еврејскиот закон.

Поданиците на царот му понудиле на Елеазар да јаде друго месо, а тој с се преправа дека е свинско, што ќе му го спаси животот, како што рекоа, со еден неважен гест – иако е малку дволичен, никој нема да забележи. Меѓутоа, Елеазар одбил дури и да ја разгледа опцијата да го прекрши Божјиот закон и да ги соблазни младите, кои го гледаат. Тој беше убиен поради непослушност кон царот.

Мора да оставиме наследство на младите

Изнесувајќи го чесното сведоштво на старецот Елеазар, папата Фрањо зборуваше за односот меѓу верноста на староста и честа на верата.

Честа на верата повремено е под притисок – понекогаш насилна – од доминантната култура, која се обидува да ја ослабне третирајќи ја како археолошко откритие, старо суеверие или застарена пракса, рече папата Фрањо.

Тој додаде дека Елеазар понудил силно сведоштво за верата со своето објаснување зошто одбил да јаде месо жртвувано на идолите. Да се обесчести верата во староста само за да добие уште некоја шака денови е неспоредливо со наследството што мораме да им го оставиме на младите, на цели генерации кои допрва доаѓаат, истакна Светиот Отец.

Доследност

Елеазар ја задржал доследноста во верата и во својата старост. Да се живее верата е премногу важно за животот за да се остави настрана кога ќе стане незгодно, додаде Папата. Ако една постара личност, која поради својата ранливост го прифати практикувањето на верата како нешто неважно, ќе ги наведе младите да мислат дека верата нема вистинска врска со животот, истакна Папата.

Заводливоста на гностицизмот

Во својата катехеза, папата Фрањо продолжи да размислува за старата ерес, гностицизмот, која сè уште заводливо ги повикува младите. Гностицизмот, рече тој, ја гледа верата само како духовност или сила на умот до која треба да се придржуваме, но тоа нема никаква врска со секојдневниот живот. Овој начин на размислување е посебно заводлив, предупреди тој, бидејќи на свој начин ја толкува неоспорната вистина: дека религијата не може да се сведе на збир на „прехранбени“ правила или општествени практики. Тој додаде дека гностицизмот ја претвора христијанската вера во минливо верување и ја лишува од вистинското сведочење.

Папата рече дека модерните општества го омаловажуваат практикувањето на верата преку културна иронија или прикриена маргинализација, сметајќи дека практикувањето на верата е нешто за постарите лица.

Вратете ја честа

Постарите, заклучи Папата, имаат важна задача да ја вратат честа на верата, да бидат доследни како Елеазар. Практикувањето на верата е знак на сила, а не на слабост. Верата заслужува почит и чест. Верата ги промени животот, го прочисти нашиот ум и нѐ научи да го обожаваме Бог и да го сакаме ближниот. Верата е благослов за сите, нагласи на крајот Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот