Генерална аудиенција: Мораме да го излекуваме „вирусот“ општествена неправда, нееднаквост и маргинализирање
Во катехезата на Генеалната аудиенција во среда 19 август 2020 година, трета по ред посветена на пандемијата на тема: „ да се излекува светот“, папата Фрњо потести на привилегијата да се определиме за сиромашните. Побара, кога лекот коронавирусот ќе биде достапен, општеството да даде приоритет на сиромашните. „Би било тажно кога за вакцината за Ковид – 19 би се дало приоритет на богатите“, – рече папата Фрањо, додавајќи дека пандемијата е криза од која мораме да „излеземе подобри“.
Папата истакна дека оваа пандемија е можност да се промени светот, кој е „неправеден за сиромашните и најранливите“ како би се излекувал од „пандемијата која ја предизвикуваат мали невидливи вируси“, како и оние кои „предизвикуваат големи и видливи општествени неправди“. Во тој, уверене е Папата, треба да се стави Божјата љубов како зачетник, „ставајќи ги перифериите во центар, а последните на прво место“.
Потребно е да се делува сега и веднаш како би се промениле „болните структури во општеството“ и „да се зајакне економијата за целосен развој на сиромашните“ – рече Папата. Би било скандалозно кога сите предвидени економски поддршки, претежно со јавни пари, би се концентрирале само за спасување на индустрија, која не придонесува за вклучување на исклучените, унапредување на оние кои се потиснати на маргините од општеството, општото добро и зачувување на создадениот свет“ – предупреди Папата.
Вирусот „кој не прави разлики меѓу луѓето на својот разораен пат пронајде големи нееднаквости и дискриминација. дури и ги зголеми – истакна папата Фрањо. Одговорот на пандемијата мора да биде дупол. Од една страна „многу е потребно да се пронајде лек за малиот, но страшен вирус кој целиот свет го фрли на колена“. „Од друга страна пак, мораме да го излекуваме големиот вирус, вирусот на општествената неправда, нееднаквоста во можностите, маргинализацијата и недостатокот од заштита за најслабите“ – рече Светиот Отец во катехезата за време на Генералната аудиенција во среда поврзана со пандемијата на боеста Ковид – 19.
Одговорот на евангелието е привилегирана определба за сиромашните и тоа мора да биде одговор и на оние кои живеат според евангелието. Тоа не е полтичка, па ниту идеолошка опција, туку нешто што се крие во самото срце на евангелието. Христијаните се препознатливи по својата близина со сиромашните, малите, болните и затворените, исклучените и заборавените, со оние кои немаат што да јадат и што да облечат. „Тоа е клучниот критериум на христијанската веродостојност Некои мислат погрешно дека таа привилегирана љубов кон сиромашните е задача доверена на маобројните, но всушност тоа е послание на целата Црква“ – објасни папата Фрањо.
Да се дели со сиромашните, значи взаемно да се збогатува. И ако постојат болни општествени структури кои ги спречуваат да сонуваат за подобра иднина, мораме да работиме заедно како да ги излекуваме и промениме.
Привилегираната определба за сиромашните, тоа етичо – социјално барање кое произлегува од Божјата љубов, не поттикнува да ја осмислуваме и планираме економијата, каде што луѓето, а пред се сиромашните ќе бидат во центар. И не поттикнува во планирањето за лекот за вирусот привилегирано место да се даде на оние кои им е најпотребно – рече Папата.
Ватикан њуз/к.мк