Генерална аудиенција: Канада, покајничко ходочастие – поинакво патување од другите
Overview
- Retailer: Генерална аудиенција, Канада, папа Фрањо
Папата Фрањо продолжи со Генералната аудиенција по јулската пауза, а катехезата ја посвети на неговото неодамнешно Апостолско патување во Канада, покајничко поклонение, каде што ги прегрна домородните народи кои со векови трпеа неправда.
Потсетувајќи се на неговото „покајничко ходочастие“ во таа северноамериканска земја, при што ги посети Едмонтон, Квебек и арктичкиот град Икалуит, Папата рече дека тоа е поинакво патување од другите.
„Всушност, главниот мотив беше да се сретнам со домородното население за да им ја изразам мојата блзина и мојата болка и да побарам прошка за злото што им го направиле многу христијани, вклучително и многу католици, кои во минатото соработувале во политики на присилна асимилација и ослободување што ги спроведуваа тогашните влади“.
Во тој поглед, објасни Папата, „во Канада е започнат процес кој има за цел да пишува нова страница“, со желба да се продолжи да се оди заедно, секогаш поблиску до домородните народи. Светиот Отец истакна дека мотото на патувањето е многу соодветно: „Да одиме заедно“.
Размислување, покајание, помирување
Подлабокиот увид, рече Папата, „покажува дека, од една страна, некои мажи и жени во Црквата биле меѓу најодлучните и најхрабрите поддржувачи на достоинството на домородните народи, застанувајќи во нивна одбрана, придонесувајќи да се запознаат нивните јазици и култури“.
Меѓутоа, од друга страна, „за жал, нема недостиг од оние кои учествувале во програми за кои денес сфаќаме дека се неприфатливи и се спротивни на евангелието“.
Во оваа смисла, повтори тој, тоа беше „покајничко ходочастие“. „Имаше многу радосни моменти, но гледано во целина смислата и тонот беа размислување, покајание и помирување“, рече Папата.
Во Едмотон, потсети Светиот Отец, имаше искрено и болно сеќавање на минатото, кое потоа продолжи во Квебек со молба за помирување, родено од надежта преку Христа, а заврши во Икалуит со искрена доверба во исцелувањето што е можно преку силата на Воскреснатиот Господ кој прави сè ново.
Промовирајте изворни култури
Папата се сретна со домородните народи на Канада – Првите нации, Метис и Инуити – како и локалната Црква и властите во земјата. Папата потоа ја потврди активната подготвеност на Светиот Престол и тамошните католички заедници да ги промовираат изворните култури, со соодветни духовни патишта и внимание на обичаите и јазиците на народите. Тој предупреди и на присуството на колонизацискиот менталитет, кој денес се претставува во различни форми на идеолошка колонизација, кои ги загрозуваат традициите, историјата и религиозните врски на народот. Неопходно е повторно да се воспостави здрава рамнотежа, хармонија меѓу современоста и древните култури, меѓу секуларизацијата и духовните вредности, „а тоа директно го вклучува посланието на Црквата, пратена во целиот свет да сведочи и да „сее“ универзално братство кое ја почитува и промовира локалната димензија со нејзините многубројни богатства (сп. енциклика Fratelli tutti, 142-153)“, рече Папата.
Папата Фрањо ја заврши катехезата со молитва: „Силата и миротворството на домородните народи нека бидат пример за сите домородни народи да не се затвораат, туку да го дадат својот незаменлив придонес за свет во кој ќе има повеќе братство, свет што знае да го сака созданието и Создателот, во склад со целото создание, во склад со сите вас“.
Ватикан њуз/к.мк