Генерална аудиенција: Евангелието е „радосна вест“, не се навестува со тажни и темни лица
Во серијата катехези за делувањето на Светиот Дух во животот на Црквата, на Генералната аудиенција во среда, 27 ноември 2024 година, папата Фрањо размислуваше за дарот на духовната радост, еден од плодовите на Светиот Дух.
Катехезата на аудеинцијата Папата Фрањо ја посвети на плодовите на Духот, откако претходните две беа посветени на благодатта и харизмите. Како што рече, „плодовите на Духот се поврзани со делувањето на Светиот Дух. А што е плод на Духот, ни открива свети Павле во Посланието до Галатјаните“, потсети Светиот Отец и нагласи:
За разлика од харизмите, кои Духот ги дава кому и кога сака за доброто на Црквата, плодовите на Духот – љубов, радост, мир, дарежливост, добрина, верност, благост, воздржаност – се плод на соработката меѓу благодатта и нашата слобода.
„Овие плодови секогаш ја изразуваат креативноста на личноста во која „верата делува преку љубовта“, понекогаш на изненадувачки и радосен начин“, додаде Папата и нагласи дека „не сите во Црквата можат да бидат апостоли, пророци, евангелисти… но секој, без разлика, може и мора да биде милостив, трпелив, понизен, секој може да биде миротворец“.
Од сите плодови на Духот, Папата посебно ја спомна радоста: Радоста на Евангелието, евангелската радост, за разлика од секоја друга радост, може да се обновува секој ден и да стане заразна. Ова е двојна карактеристика на плодот на радоста на Духот: не само што не е подложен на неизбежното минување на времето, туку се умножува кога се споделува со другите! Вистинската радост се споделува со другите; едноставно е заразна.
Светиот Отец потсети и на светецот на радоста Филип Нери кој, како што рече Папата, „на сиромашните и напуштените деца во неговиот ораториум им рече: „Деца, радувајте се, не сакам ни скрупули, ни меланхолија, доволно ми е да не грешите. Но, Светиот Отец забележа дека изворот на радоста на Филип е неговата голема љубов кон Бога.
Неговата радост, во најдлабока смисла, беше плод на Духот. Светителот учествувал во одбележувањето на јубилејот во 1575 година, кое го збогатил со практиката, која продолжила подоцна, посетувајќи седум цркви. Тој во своето време бил вистински евангелизатор со радоста.
На крајот, Папата заврши: Зборот „Евангелие“ значи радосна вест. Затоа не може да се навестува со тажни и темни лица, туку со радоста на оние кои го најделе сокриеното богатство и скапоцениот бисер.
Ватикан њуз/к.мк