Во катехезата на Генералната аудиенција во среда 21 октомври 2020 година папата Фрањо го заврши размислувањето за псалмите, вклопено во серијата катехези за молитвата и истакна дека Книгата Псалми нѐ учи да го повикаме Бог за себе, но и за браќата и светот. Исто така објасни дека мерките на претпазливост од надлежните се за да се спречи ширењето на заразата, па затоа не може да слезе и да се поздрави со верниците. Катехезата на Папата ја пренесуваме во целост.
Драги браќа и сестри,
Денес поради коронавирусот моравме да воведеме мали промени во начинот на одржување на овие аудиенции. Одвоени сте, исто така со заштитени маски, а јас сум овде, малку оддалечен од вас и не можам да го правам она што обично го правам, а тоа е да ви се приближам, затоа што секогаш кога се приближувам о вас вие сите налетувате и се губи потребната дистанца и за вас постои опасност од зараза. Жал ми е што е така, но тоа е заради вашата сигурност. Наместо да ви се приближам и да се поздравиме, се поздравуваме вака, оддалеку, но знајте дека сум ви близок со срцето. Се надевам дека сфаќате зошто тоа го правам. Понатаму, додека читачите го читаа библискиот дел, внимание ми привлече она момче или девојче кои плачеа. И ја видов мајката како го гали и дои детето и си помислив: „Така прави Бог со нас, како таа мајка“. Со колкава голема нежност го нишаше детето и го доеше. Прекрасна слика. А кога тоа се случува во црквата, кога некое дете заплаче, еве ја мајката со нејзината нежност, како денес, со нежноста на мајката која е симбол за Божјата нежност со нас. Никогаш не го замолчувајте детето кое плаче во црквата, никогаш, затоа што тоа е глас кој ја привлекува божјата нежност. Ти благодарам [мајко] на твоето сведоштво.
Денес ја довршуваме катехезата за молитвата псалми. Пред сѐ забележуваме дека во псалмите често се појавува еден негативен лик, ликот на „безбожник“, односно оној или оние кои живеат како да не постои Бог. Тоа е личност која нема никаква поврзаност со трансцендентноста, нескротлив во својата ароганција, личност која не се плаши од осудата за тоа што го мисли и прави.
Тоа е причината зошто Псалтирот претставува молитва како основна реалност на животот. Упатувањето на апсолутното и трансцедентното, како што учителите на аскезата го нарекуваат „свет Божји страв“, е тоа што нас луѓето нѐ прави потполни, тоа е границата која нѐ спасува од самите нас, спречувајќи нѐ да нападнеме на овој живот на предаторски и незаситен начин. Молитвата е спас за човечкото битие.
Секако постои и лажна молитва, се моли само затоа другите да ни се восхитуваат. Оној или оној кој оди на света Миса (Литургија само за да покаже дека се католици или да ја покажат најновата гардероба која ја купиле или да остават добар впечаток во општеството – во таквата молитва лагата си направила гнездо. Во врска со ова Исус дава голема опомена (сп. Матеј 6, 5-6; Лука 9, 14). Но кога вистинскиот дух на молитва се прифати искрено и слезе во срцето, тогаш таа ни помага со својот дух да навлеземе во реалноста на Божјите очи.
Кога се молиме сѐ добива на ‘тежина’. Тоа е интересно во молитвата: можеби започнуваме со нешто наизглед неважно, но во молитвата таа работа добива на важност, добива на тежина, како Бог да ја зема во рака и преобликува. Најлошото служење кое може да се даде на Бог. Но и човекот, е да се моли уморно и безволно, по навика. Да се моли како папагал. Не, тоа не, моли се срцето. Молитвата е центар на животот. Ако постои молитва, братот, сестрата, па дури и непријателот тогаш стануваат важни. Има една древна поговорка на првите христијански монаси која вели вака: „Блажен е монахот, кој после Бог, ги следа сите луѓе како Бога“ (Евагрије Понтски, Трактат за молитвата, бр.132) Кој му се поклонува на Бог, ги сака неговите деца. Кој го почитува Бог, го почитува и човечките битија.
Затоа молитвата не е смирувачко средство за ублажување на животните грижи, односно во секој случај таквата молитва сигурно не е христијанска. Наместо тоа, молитвата во секој од нас го зајакнува духот на одговорност. Тоа го гледаме јасно во молитвата Очен наш, на која Исус ги научи своите апостоли.
За да се совлада овој начин на молитва, псалтирот е прекрасна школа. Видовме дека во псалмите не се користат префинети и љубезни зборови, а често на себе ги носат белезите кои на човекот ги оставиле она низ што поминал низ животот. Сепак сите тие молитви се молеле најпрво во ерусалимскиот храм, а потоа во синагогите, па дури и оние најинтимните и личните. Вака стои во Катехизмот на Католичката Црква: „Разноликиот израз на молитвите псалми истовремено се раѓаат во Храмот и во човечкото срце“ (бр. 2588). И така личната молитва се вдахновува и храни, најпрво, со молитвата на израелскиот народ, а потоа со молитвата на Црквата како народ.
Дури псалмите се и во прво лице еднина, кои ги доверуваат најинтимните мисли и проблеми на некој поединец, заедничкото наследство дотаму што се молат сите за сите. Молитвата на христијаните го има дој „здив“, таа духовна ‘напнатост’, која силно го поврзува храмот и светот. Молитвата може да започне во полумрак во црковниот кораб, а потоа својот од да го заврши по улиците на градот. И обратно, може да потече за време на секојдневните работи и да најде исполнение во Литургијата. Вратата на црквата не се пречка, туку пропусни ‘мембрани’, подготвени да ги собере криците на сите.
Во молитвата Псалтир светот секогаш е присутен. На пример, псалмите даваат глас н Божјото ветување за спасение на најслабите: „Заради страдањата на сиромасите и офкањата на бедните ќе се кренам сега – вели Господ – ќе го спасам оној, кому сакаат да му напакостат“ (12,6). Или пак предупредуваат на опасноста од световните богатства, затоа што „човек, кој неразумно живее, сличен е на животните. (48, 21). Понатаму го отвораат и хоризонтот за Божјиот поглед на историјата: Господ ги руши помислите на незнабошците, ги спречува намерите нивни и ги сопира помислите на кнезовите. А замислата Господова вечно постои; мислите на срцето Негово преминуваат од род во род (32, 10-11).
Накратко таму каде е Бог, мора да е и човекот. Светото Писмо е категорично во врска со тоа: Ако некој рече: »Го сакам Бога«, а го мрази својот брат, лажец е: оти, кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, Кого не Го видел? Па и секој ден да молиш незнам колку Бројаници, а ги озборуваш другите, се лутиш и во себе ја чуваш омразата за другите, тоа е чисто преправање, во тоа нема вистина. И оваа заповед ја имаме од него: „Кој Го сака Бога, да го сака и братот свој.“ (1 Иван 4, 19-21). Светото Писмо го признава случајот со човек, кој искрено го бара Бога, но не успева никогаш да го сретне, но исто така вели дека солзите најсиромашните никогаш не смеат да се занемарат, затоа што во спротивно не е можно да се сретне со Бог. Бог не трпи ‘атеизам’ од оние кои ја порекнуваат Божјата слика која е втисната во секое човечко битие. Тој секојдневен атеизам: јас верувам во Бога, но сум подалеку од другите и си дозволувам да ги мразам другите. Тоа е практичен атеизам. Да не се препознае човечката личност како Божја слика е светогрдие, гнасотија, најлоша навреда која може да се донесе во храмот и на олтарот.
Драги браќа и сестри, молитвата псалми нека ни помогне да не паднеме во искушението на ‘безбожност’, односно да живееме, а можеби дури и молиме, како Бог да не постои и како сиромашните да не постојат.
Ватикан њуз/к.мк