Генерална аудиенција во среда: Света Тајна Венчание

Во среда 2 април Светиот Отец на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, зборувајќи за светата Тајна Венчание го заврши циклусот на катехези за светите Тајни. Ова света Тајна нѐ воведува во срцето на Божјот план, а тоа е Божји сојуз, кој го склопува со својот народ, со сите нас, планот на заедништво. На почетокот во Книгата Битие, како круна на проповедувањето за создавањето се зборува за: „И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско го создаде… Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело“ (Битие 1,27; 2,24) – истакна папата Фрањо продолжувајќи спонтано да зборува:

Слика Божја е брачниот пар, тоа се маж и жена, па, двајцата – не само машкото ниту само женското, туку – двајцата. Тоа е всушност, сликата Божја, а љубовта, Божјот сојуз со нас, тука е претставен сојузот помеѓу мажот и жената. Ова е многу убаво, затоа што сме создадени за љубов, како одраз на Бог и Неговата љубов. Мажот и жената во брачниот сојуз го остваруваат тој повик, во знак на взаемност и трајно и конечно заедништво – рече Папата додавајќи:

Кога некој маж и некоја жена слават света Тајна Брак, Бог така речи се гледа во нив: во нив ја втиснува својата сличност и неизбришливиот белег на свјата љубов. Бракот е слика на Божјата љубов кон нас. Многу убаво! Бог е заедница – три Личности: Отец, Син и Светиот Дух, отсекогаш и засекогаш живее во совршено единство, а тоа е таинството на бракот – рече Светиот Отец.

Бог сопружниците ги обединува во живеењето. А Светото Писмо одлучно вели: „едно тело“. Во бракот е толку цврсто единството на мажот и жената. А всушност ова е таинството на бракот: Божјата љубов се гледа во бракот, во парот кој одлучува да живее заедно. Заради тоа човек ја остава својата куќа, куќата на своите родители и оди да живее со својата жена и со неа силно се соединува да биде, како што вели Светото Писмо: „само едно тело“, не се веќе две тела – истакна папата Фрањо додавајќи:

Во Посланието до Ефесјаните, свети Павле вели дека во сопружници христијани се одржува големото таинство: Христовиот однос кон Црквата, брачниот однос (Еф 5, 21-33). Црквата е Христова Свршеница: тој однос. Тоа значи дека на Бракот се одговара со посебен повик и треба да се смета за посветување (Gaudium et Spes, 48; Familiaris consortio, 56). Бракот е посветување. Маж и жена се посветени по љубовта; и за љубов. Имено, двојката со силата на светата Тајна добиваат ново послание, да ја направат, тргнувајќи од едноставни, секојдневни работи, видлива љубовта со која Христос ја љуби Црквата, продолжувајќи за неа да го дава животот, во верност и служење – рече Папата и продолжи спонтано да зборува:

Вистинската врска секогаш е со Господ. Кога семејството моли, врската се одржува. Кога сопругот моли за сопругата, а жената за мажот, врската станува силна. Еден за друг молат. Вистина е дека во брачниот живот има многу тешкотии, зар не? Нема работа, пари никогаш доволно, децата имаат проблеми… многу тешкотии. А често соружниците се нервози и се расправаат, нели? Се расправаат! Секогаш, секогаш е така: во бракот секогаш има кавги! – рече Папата додавајќи:

А понекогаш и чинии летат. Вие се смеете, но вистина е! Но поради тоа не треба да бидеме тажни. Таква е човечката природа. Но тајната е во тоа љубовта да биде посилна од кавгата. Затоа на сопружниците им советувам пред спиење да се помират. Секогаш! – заврши Светиот Отец, а потоа на разни јазици ги поздрави присутните ходочасници.

На генералната аудиенција поздравувајќи ги ходочасниците од Полска присутни на плоштадот Свети Петар, Папата потсети на девет годишнината од преминувањето на блажен Иван Павле II кој што на 27 април ќе биде прогласен за свет. После долгиот аплауз, Папата ги поттикна сите, очекувањето на тој настан да го искористат за духовна подготовка и зацврстување на наследството на верата која тој ја остави.

ТОј, наследувајќи го Христос на светот неуморно му го навестува Божјото Слово, вистината и доброто. Со своето трпење тој правеше добро. Тоа беше учителство за животот, на што Божјот народ одговори со голема љубов и почит. Неговото застапништво нека ја зацврсти нашата вера, надеж и љубов – посака папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот