Време е за среќа
Добар ден, сакан мој човеку, земи си време за да бидеш среќен!
Ти си чудо кое оди, единствен и незаменлив на земјата. Го знаеш ли тоа?
Зошто не се воодушевуваш, не се „чудиш“ не се радуваш на самиот себе и на сите други околу себе?
Зошто си потполно рамнодушен и зарем ништо не ти значи што живееш, што смееш да живееш?
Да имаш време за песна, за танц, време да бидеш среќен?
Зошто да се губи времето по лудата трканица за пари?
Зошто да насобираме грижи за утре и задутре?
Зошто да се расправаш, да се досадуваш, зошто да се давиш во бесмислени задоволства, зошто да спиеш додека сонцето сјае?
Мирно, земи си време за да бидеш среќен!
Времето не е брканица помеѓу колевката и гробот, туку места за да се сместиш на сонцето.
Фил Босман/превод: го*ко