Време е за одлука
Човекот е присилен или подобро кажано за човекот е неопходно секој ден да донесува одлука за нешто, да избира со да или не. Без разлика дали станува збор за мала работа како да станеш наутро за на факултет или на работа или голема како што е изборот на факултетот кој сакаш да го посетуваш или работата која сакаш да ја работиш. А што кога ќе дојдеме до она точка во која повеќе ниту самите не знаеме што да избереме? До она точка кога сè ни е во магла и во која секој одговор и избор ни изгледа погрешен? Кого да прашаш за упатства и помош?
„Само ми е страв да не се измориш од нашите лутања и нашите паѓања…“ Овие зборови од песната совршено го опишуваат чувството кое нè обзема кога ќе го избереме погрешното, кога ќе паднеме заради своите погрешни одлуки и своите понекогаш себични причини. Тој страв кој во повеќето случаи нуди сè, само не помош; страв кој нè тера да се откажеме; страв кој не ни дава денес да станеме за на факултет, бидејќи сме мрзеливи; (…) страв кој нè оттргнува од она што сакаме да бидеме во животот бидејќи мислеме дека тој пат е премногу тежок за нас и дека не сме „достојни“. Страв од самите себе! Што кога ќе започнеме да се плашиме од сè што срцето сака и на што нè наведува?
Да или не? Одлучи. Сега!
Ние луѓето понекогаш сме навистина тврдоглави кога станува збор за нешто што не го сакаме, а толку малку упорни кога е во прашање она за што сме предодредени. Ни недостасува она храброст која ни е потребна за борба со самите себе. Кога ќе започнеме да броиме колку пати критиката на другиот нè демотивирала, самиот тој број би нè демотивирал. Од каде тогаш да црпиме мотивација која што ни е потребна за да одиме понатаму? Од каде кога во денешниот свет сме опкружени со повеќе или помалку со негативизам и оној лошиот? Упорно се обидуваме да се одлучиме за нешто што ќе нè зацврсти помеѓу две слаби опции, помеѓу две опции кои се со рака опипливи и кои се „сигурни“. (…)
За полесно да се реши проблематиката за вистинскиот одговор мораме да се одделиме од сè и да ја погледнеме поголемата слика. Што е тоа што упорно го пропуштаме и што ни е надвор од контрола? Кој е тој детал заради кој секој одговор на крајот изгледа погрешен? Тоа е онаа ОДЛУКА која што ја избегнуваме. Одлуката за предавање на сето свое на Оној кој сè става пред нас. Таа е она одлука која ја ставаме под тепих, бидејќи сметаме дека сеуште не е време за неа и дека има уште многу до тоа. А што ако секое наше прашање се врти околу тоа дали тоа е по Негова волја? Сигурно сме паднале многу пати само заради тоа што не сме ја побарале она рака која ќе ни помогне при одржувањето на рамнотежата; она рака за спас која постојано е испружена, а која ја тргнувам бидејќи ни пречи.
Да ја преформулирам реченицата од почеток. Човекот е повикан секој ден да донесува одлука. Одлука со да или не за Оној Кој ни нуди помош. И колку понекогаш да изгледа тежок оној одговор и пат кој Тој ни го нуди, мораме да знаеме дека Он е Тој кој нè познава подобро од самите нас. И колку нашиот товар да изгледа тежок, Он тој истиот товар го носел пред 2000 години. И колку понекогаш да ни изгледа залудно и дека не постои друга алтернатива, сети се кога Он висел на оној ладен дрвен крст и во болките извикал: Боже мој, Боже мој зошто ме остави?! Извикал како што ти никогаш не мораш тие зборови да ги изговориш сам.
Ѓуро Равеншчак/Пасторал на млади/к.мк/Д.И.