Според обичајот, во текот на јули нема да има Генерална, посебна или лична аудиенција со Папата. Ќе продолжат во август, со првата Генерална аудиенција во среда, 9 август.
Како што е вообичаено во текот на летото, од 1 јули до крајот на месецот, сите аудиенции на папата Фрањо се суспендирани: и Генералната аудиенција во среда и посебни, како и лични. Ова го соопшти Префектурата на Папскиот дом преку соопштение објавено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, во кое исто така се напоменува дека аудиенциите ќе продолжат во август, со Генерална аудиенција во среда, 9 август.
Од тука, Генералната аудиенција што ќе се одржи во среда, 28 јуни, на плоштадот Свети Петар, ќе биде последна пред летниот распуст. Тоа ќе биде и првата аудиенција по хоспитализацијата на Папата во поликлиниката „Гемели“. Имено, аудиенцијата што требаше да се одржи минатата среда, на 21 јуни, беше откажана со цел да се овозможи постоперативното закрепнување на Светиот Отец – објави тогаш портпаролот Матео Бруни.
Ватикан њуз/к.мк