Како една од мерките за олеснување на ограниченото движење на населението поради глобалната пандемија на коронавирусот, јужнокорејските (просторно) големи цркви, во недела на 26 април со одлука на Владата во Сеул повторно ги отворија своите врати за верниците, објави агенцијата Ројтерс.
Во внатрешноста на сакралните објекти се бара држење на растојание помеѓу верниците, како и носење на заштитни маски. Се разбира, како мерка на претпазливост големите верски објекти доколку е потребно ќе ги намалат своите капацитети за истовремено учество на верниците во обредите, односно верниците ќе можат да седнат на точно обележани места за седење за да има доволно растојание помеѓу нив.
Следбениците на тамошната јавност позната како „Исусовата црква“ во Шинчеони беше жариште на јужнокорејската епидемија на коронавирусот. Покрај тоа, скоро половина од 10.728 потврдени случаи на зараза со коронавирусот се поврзани со членството во наведената верска заедница.
Владата на Јужна Кореја со остри мерки (со масовно тестирање и со следење на контакти со заразените) успеа да го спречи експоненцијалното ширење на коронавирусот внатре во рамките на своите граници, иако се наоѓа во непосредно соседство на Кина која беше епицентар на светска пандемија, јави во недела на 26 април агенцијата Ројтерс.
Инаку, Јужна Кореја (или поточно Република Кореја, кое е нејзиното точно државно правно име) спрема податоците на The Word Factbook од 2020 година има нешто помалку од 52 милиони население, а како католици од нив се изјаснуваат околу 11 % или нешто помалку од 6 милиони. Меѓутоа, католици во вкупниот верски состав на населението на Република Кореја во последниве години бележат значителен пораст откако на чело на Католичката црква е папата Фрањо, кој и ја посети таа далекоисточа земја на своето пасторално патување во август 2014 година. Покрај тоа, Претседателот на Република Кореја Моон Јае-ин, правник и бранител на човековите права, кој е на таа должност од 2017 година се декларираше како практичен католик, а неговото крсно име е Тимотеј.
ИКА/к.мк