Доктор Арканџели објасни дека Ватикан се одлучил за вакцината Фајзер затоа што во моментов е во процес на добивање одобрение од американските и европските здравствени власти.
Веруваме дека е многу важно дури и во нашата мала заедница да се започне кампања против вирусот што го предизвикува КОВИД – 19, рече д-р Андреја Арканџели. Тој додаде дека само со опсежна имунизација може да се стави пандемијата под контрола – пишува CNA.
Се очекува Фајзеровата вакцина да биде достапна во првите месеци од 2021 година за жителите на Ватикан, вработените и членовите на нивните семејства постари од 18 години. Арканџели објасни дека Ватикан се одлучил за вакцината Фајзер затоа што во моментов е во процес на добивање одобрение од американските и европските здравствени власти.
Тој додаде дека Ватикан подоцна може да донесе одлука и за други вакцини, произведени со различни методи, но само откако ќе се испита нивната ефикасност и безбедност.
„Разбирливо е дека постои загриженост за вакцината, која беше изработена за толку кратко време, но извршени се многу ригорозни тестови за безбедност и постојат гаранции од светските здравствени власти дека биле извршени ригорозни студии пред да се издаде одобрението за употреба“ – изјави рече тој.
Во Ватикан живеат околу 800 жители, но во 2019 година бројката на вработени изнесува 4.618 лица. Од почетокот на епидемијата, 27 од нив биле позитивни на коронавирусот, од кои најмалку 11 припадници на Швајцарската гарда.
CNA/к.мк