Во црквата Свети Иван Крстител – Струмица се одржа катехеза за светата Тајна Крштение

Во сабота на 22 март во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица се одржа првата катехеза предвидена во програмата за пасторалната година „Година на семејството“, која ја водеше о. Гоце Костов.

Средбата започна со молитва, а потоа даде краток вовед за целта и потребата од вакви средби во Година на семејството. Присутните верници потоа го погледнаа краткиот анимиран филм за светото Крштение. Преку воведот за тоа што се Светите Тејни на Црквата, како и за нивната важност се премина на главниот дел од предавањето: Крштението, врата за спасение. Во предавањето беше направен осврт за слики на Крштението во Стариот Завет, како и за примери за Крштение во Новиот Завет. Зошто е потребно и важно крштението за спасението; што се добива со оваа Света тајна…

Стана збор и за самиот обред на Крштение, симболиката која изобилува за време на поделувањето на оваа Света Тајна. При крајот од катехезата се подвлече одговорноста на семејствата при воспитувањето и пренесувањето на верата. По завршувањето на катехезата беше отворена дискусија со повеќе прашања. Средбата заврши со молитва за семејствата.

Следната Катехеза ќе се одржи во сабота 29 март 2014 година во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица, со почеток во 19.00 часот, на тема Света Тајна Миропомазание- сила на Светиот Дух.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот