Во Танзанија после три месеци затворена училишта заради вонредната ситуација со коронавирусот, на 29 јуни се отворени со сите потребни мерки на претпазливост за спречување на заразата.
Во Танзанија после три месеци затворена училишта заради вонредната ситуација со коронавирусот, на 29 јуни се отворени со сите потребни мерки на претпазливост за спречување на заразата. Одлуката на средината на јуни, во текот на распуштањето на парламентот со оглед на изборите кои ќе се одржат во октомври ги објави претседателот Он Магуфили. Танзанија така е првата земја во Источна Африка која повторно ги отвора училиштата.
Со оглед на повторното отворање на училиштата неколку епископи во Танзанија започнаа да се организираат за да обезбедат сигурно закрепнување на учениците и наставниците, посебно преку поделба на средства за лична заштита, хигиенски материјал, маски и инфрацрвени термометри – е објавено на блогот на Здружението на членови на епископските конференции во Источна Африка. Така бискупијата Геита подели здравствени средства во вредност од 10.000 долари. Но, локалниот епископ Флавијан Касала сака да ја подигне свеста и одговорноста на учениците. Наставниците посебно ги поттикнува да ги охрабрат учениците за да ги почитуваат хигиенските мерки, често миејќи ги рацете и избегнувајќи допирање со нос и очи.
Во меѓувреме и покрај олабавувањето на мерките кои ги дозволија граѓанските власти, Епископската конференција на Танзанија сè уште не одобрила повторно одржување на пасторални и богослужни активности. Епископите немат објавено ниту една заедничка изјава во таа смисла – објасни гласноговорникот на Епископската конференција на Танзанија, отец Ческо Мсага негирајќи ги вестите кои се проширија во некои локални медиуми дека Католичката Црква веќе продолжила со своите редовни активности.
Ватикан њуз/к.мк