Во Струмица децата молеа Бројаница за мир во светот

Во Струмица децата молеа Бројаница за мир во светот

На 18 октомври 2023 година децата од веронаучната група од парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица од парохиската црквата молеа света Бројница за мир, со што се приклучија на Светската молитвена иницијатива „Милион деца молат за мир“ поттикната од Црква во неволја.

Светата Бројаница беше пренесувана и преку фреквенцијата на Радио Марија и на интернет страната www.radiomarija.mk. Ова е девета година по ред како парохијата се придружува на оваа молитвена иницијатива. Денешната молитвата посебно беше посветена на Украина и Светата Земја, како и за мир во семејствата и човечките срца.

Кампањата за Бројаница со деца е започната во 2005 година во Каракас – главниот град на Венецуела. Додека неколку деца молеле Бројаница во светилиштето покрај улицата, некои од присутните луѓе се потсетиле токму на зборовите на свети Падре Пио: Кога милион деца заедно ќе молат Бројаница, светот ќе се промени!“ Така оваа молитвена иницијатива брзо се раширила по целиот свет. Фондацијата „Помош на Црквата во неволја“ (Aid to the Church in Need – ACN; Kirche in Not) ја поддржува од 2008 година, а организацијата на светската кампања ја преземаа пред четири години.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот