Во Скопје се одржа духовна обнова за свештениците, монашките заедници и лицата со посветен живот
Во просториите на катедралнта црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје на 16 ноември 2019 година се одржа духовна обнова за свештениците, монашките заедници и лицата со посветен живот од Скопска бискупија и Струмичко – Скопската епархија.
На почетокот од духовната обнова епископот Стојанов ги поздрави присутните, а посебно патер Егидиј од Падова (Италија), кој и го одржа духовниот наговор на тема: „Црквата е дом и училиште на заедништво на синодалниот пат“.
Потоа следуваше Обожавање на Светата Причест и можност за света Исповед, како и света Литургија која ја предводеше монс. д-р Киро Стојанов.
Духовната обнова заврши со дружење и агапе во парохиската сала.
Ватикан њуз/к.мк