Од 16 до 21 мај 2022 година во провинцијалната куќа во Скопје Сестрите Евхаристинки имаа духовни вежби, кои ги предводеше дон Паво Шекерија, катедрален парох во Скопје.
Во претпладневните часови во сабота 21 мај монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх во склоп на духовните вежби ја предводеше светата Литургија, при што одржа и пригодна проповед.
Со пеење на позната христијанска химна „Тебе Боже те фалиме“ (Te Deum laudamus) која се препишува на свети Амвросиј Милански, завршија овогодинешните духовни вежби за сестрите Евхаристинки.
Ватикан њуз/к.мк