Во Скопје прославен празникот на Блажена Мајка Тереза

Во петок 5 септември 2014 година во Скопје на празникот Блажена Мајка Тереза, свеченото евхаристиско славење го предоведеше Генералниот викар, монс. Антун Циримотиќ, во капелата Мајка Тереза во спомен куќата „Мајка Тереза“ – Скопје

На светата Миса покрај монс. Циримотиќ присуствуваше и скопскиот парох дон Давор Топиќ, парохискиот викар Јошт Мезег, парохот од Куманово и водител на заедницата „ад гентес“ дон Хуан Мануел Кастро, како и верници од Скопје.

На почетокот дон Топиќ ги поздрави присутните и воедно ги пренесе поздравите на Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов, кој службено е отсутен.

Во проповедта монс. Циримотиќ низ животот на блажена Мајка Тереза ја истакна важноста и улогата на парохијата и семејството за децата во пренесувањето на верата на нивниот пат кон светоста. Исто така рече дека животот на блажената нѐ повикува на вистинско дарување и служење од дарот на верата, по примерот на Исус Христос, кој самиот за нас се дарува. Својата хомилија ја заврши со повик сите да го го бараме духот кој го имаше блажената.

На крајот од евхаристиското славење верниците имаа можност да ја бакнат реликвијата од блажена Мајка Тереза, а потоа пред капелата продолжи заедништвото. Верниците исто така беа радосни поради присуството на поранешниот парох дон Мато Јаковиќ, кој се наоѓа на лекување во Загреб.

По инициијатива на сестрите „Мисонерки на љубовта, кои се во Скопје и целиот свет го продлжуваат посланието на блажената Мајка Тереза, верниците за овој празник се подготвуваа со Деветница до блажена Мајка Тереза.

к.мк/

Категорија: Македонија

За авторот