Во Скопската парохија се моли за духовни звања и за семејствата
Во катедралната парохија Пресвето Срце Исусово во Скопје, на 1 март 2014 по иницијатива на сестрите Усмиленки – Св. Винко Паулски, започна ден на молитва за нови духовни звања и семејствата со побожност до Богородица од чудотворниот медалјон.
Пред вечерното Евхаристиско славење скопскиот парох дон Давор Топиќ рече „дека сестрите Усмиленки поттикнати од прогласувањето на новата пасторална година за Скопската бискупија, „Година на семејството“ во парохијата започнаа со побожноста до Богородица од чудотворниот медалјон и тоа секоја прва сабота во месецот и на тој начин преку оваа молитвена побожност сакаат да бидат со нашите семејства, молејќи за духовни звања и материјален напредок на семејствата. Поради тоа одлучив тој ден да биде псоветен на молитва за нови духовни звања и за семејствата“, рече парохот.
Прогарамата започна половина час пред Евхаристиското славење, а пред иконата на Богородица беше изложена корпа каде што верниците ги оставаа напишани своите молитвени накани, кои на почетокот беа прочитани, а целата заедница беше соединета во молитва.
д.Д.Т.