Во Скопската катедрала се служи света Миса на англиски јазик

На 28 септември во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје, се служеше света Миса на англиски јазик, која ја предводеше парохискиот викар дон Јошт Мезег.

На почетокот присутните ги поздрави Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов, истакнувајќи ја радоста што Божјото Слово од сега ќе може да се навестува во катедралата и на англиски јазик, а посебно ги поздрави членовите на дипломатскиот кор, како и сите странски државјани, кои живеат и работат во Скопје. Истакнувајќи ја потребата да се живее од дарот на верата, бискупот рече дека светата Миса на англиски јазик ќе се служи секоја недела во 12.00 часот, а ќе ја предводи парохискиот викар Јошт Мезег.

Од ординаријатот на Скопската бискупија оваа инфорамција е испратена до сите амбасада и други странски канцеларии во Скопје.

к.мк/д.Д.Т.

Категорија: Македонија

За авторот