Во Скопската катедрала бискупот Стојанов ја предводеше Светата  Миса со посвета на миро

Во Скопската катедрала бискупот Стојанов ја предводеше Светата  Миса со посвета на миро

На Велики Четврток, 1 април 2021 година, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов во заедништво со свештеници од Скопската бискупија, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје го предводеше свеченото евхаристиско славење со посвета на миро, а воедно беше прославен и Денот на свештениците, кога Господ покрај светата Тајна Евхаристија, ја воспостави и светата Тајна Свештеничко ракополагање.

Во својата проповед, покрај другото, бискупот Стојанов истакна: „Браќа свештеници, испратени сме да навестуваме необично важна порака за секој период, а особено за сегашниот, бидејќи се работи за криза на општеството во кое се рушат сите вредности на кои е градена оваа цивилизација, а поимот релативизам внесува крајна забуна во душата на малите и напуштените. Исус нѐ праќа токму кај сиромашните, кај гладните за Божјото Слово, нѐ праќа да ги ослободиме заробените од грев и многу други зависности, нѐ праќа да им го вратиме погледот на слепите и заведените од многу лажни ветувања, нѐ праќа да ја навестуваме слободата и достоинството на секој човек и што е најважно нѐ праќа да ја навестиме вистината за неизмерното Божјо милосрдие. Треба да дојдеме до секој паднат човек и да му довикнеме: Бог те љуби и те повикува да се воздигнеш.

Нашето време е време на големи предизвици на кои можеме да одговориме со силата на Бога кој не праќа и само тогаш ако сме и сами јаки. Но, понизно да признаеме дека нашата јакост не доаѓа од нас самите, туку од Оној кој нас не повика и испрати.

Вас, драги браќа и сестри, сесрдно ве молам да се молите за нас. Вие сте Божји народ, Царско свештенство и поврзани сме во заедништвото на едно Христово тело – Христовата црква. Нека овие денови на воскреснатото таинство ни бидат пригода да се обновиме во оној на што сме повикани и без своите заслуги посветени. Црквата треба храбри, скромни, силни и свети свештеници, истакна бискупот Стојанов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот