Во светот се зголемуваат верските прогони и кршењето на верската слобода

Во светот се зголемуваат верските прогони и кршењето на верската слобода

Фондацијата со папско право „Помош на Црквата во неволја“ го објави преку веб презентација 15. издание на Извештајот за верска слобода во светот, за периодот од 2018 до 2020 година. Христијанката од Пакистан Асиа Биби посебна гостинка на претставувањето на извештајот.

На претставувањето учествуваше посебна гостинка Асиа Биби христијанка од Пакистан која 10 години помина во затвор обвинета за богохулење. Ја раскажа својата Голгота, посебно зборувајќи за своите две ќерки кои во 2009 година кога таа е уапсена, имале 8 и 9 години. Покрај тоа една од нив со телесна и ментална попреченост. „Одвоени од својата мајка долго време, јасно е дека ќерките претрпеле трауми,“ рече Асиа која денес слободна живее со своето семејство во Канада, повикува на ревизија на законот за богохулство и ако е можно укинување на тој закон.

„Тоа е меч кој ги погодува муслиманите, христијаните и другите малцинства“ е мислењето на Аси Биби. Затоа најави брзо одење во Рим за да изрази благодарност до папата Фрањо и Бенедикт XVI на поддршката и молитвите во текот на годините. Нејзиното благодарам се проширува на сите оние кои се анагажирале за нејзиното ослободување.

Влошување во Африка заради умножувањето на џихадистичкиот тероризам

Во извештајот земјите се обоени со црвена и портокалова боја. Не за да се означи подрачјето на ограничувањата заради болеста Ковид-19, туку за да се пријават кршења кои се зголемуваат заради ширењето на вирусот на насилството над слободата на изразувањето на верата. Извештајот покажува дека слободата на вероисповедта се крши во една од три земји и ако во претходниот извештај биле 38 земји со прекршувања, денес се 62. Се проценува дека околу 67% од светското население, односно 5,2 милијарди луѓе живеат во земјите во кои постојат сериозни ограничувања.

До посебно влошување дојде во Африка заради умножувањето на џихадистичкиот тероризам. Џихадистите се повеќе користат веб страници и социјални мрежи за да бараат нови подржувачи и да ги планираат своите акции.

Авторитарни режими или етно-религиозен национализам ја рануваат и убиваат верската слобода

„Сајбер-калифат кој глобално се шири сега стана консолидирано средство“, стои во извештајот. Авторитарните режими или етно-религиозниот национализам исто така ја ранува и убива верската слобода. Тоа посебно се однесува на држави како Индија, Непал, Мјанмар или Тајланд каде верските малцинства се во опасност да бидат граѓани од втор ред.

Учесниците на претставувањето на крајот упатија силен повик да не се игнорираат многу прогонети заради верата и потсети како што тоа го правави кардиналот Мауро Пијаченца претседател на Фондацијата со папско право „Помош на Црквата во неволја“, дека патот на мирот поминува низ почитувањето на тоа основно право.

Хкм/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот