Во сабота Светиот Отец ќе го посети италијанскиот регион Молизе

Папата Фрањо во сабота 5 јули ќе го посети италијанскиот регион Молизе. Во претпладневните часови од посетата на Папата, предвидена е средба со работниците, евхаристиско славење на поранешниот стадион Ромањоли, средба со болните и ручок со сиромашните во Кампобаса со штитениците на Каритас.

Во попладневните часови Светиот Отец ќе се сретне со младите од бискупијата Абрузо и Молизе во светилиштето Кастелпетросо, а предвидена е и средба со затвореници. Посетата на Папата ќе заврши со средба со жителите на Молизе на плоштадот пред катедралата во Исернија, со прогласување на Целестинова јубилејна година.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот