Во Радово се одржа духовна обнова за свештениците

Во Радово се одржа духовна обнова за свештениците

Во понедленик 6 ноември 2023 година во парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово се одржа духовна обнова за свештениците од Скопска бискупија и Струмичко – Скопска епархија, на која присуствуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх.

Духовната обнова започна со молитва од Часословот, а потоа епископот Стојанов ги поздрави свештениците и заблагодари за нивното присуство.

Духовно размислување имаше отец Атанас Сирачев, кој зборуваше на тема: „Вашето тело е храм на Светиот Дух“.

Во рамки на духовната обнова свештениците заедно молеа Света Бројаница и имаа можност за света Исповед.

Светат Литургија ја предводеше Н.В.П. монс. Киро Стојанов, а проповедаше протојереј ставрофор отец Георги Трајков, кој истакна некои размислувања за молитвата.

Духовна обнова заврши со агапе во парохиската сала.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот