Во присуство на папата Фрањо започна јунското заседание на Кардиналскиот совет

Во присуство на папата Фрањо започна јунското заседание на Кардиналскиот совет

На 26 јуни 2023 година, започна јунското заседание на Кардиналскиот совет (С9). Последното се одржа во април; тоа беше прва средба по обновата на тоа тело во март годинава

Во Ватикан, во присуство на папата Фрањо, започна заседанието на Кардиналскиот совет, таканаречениот Совет С9, тело основано од Папата во 2013 година, чиј состав беше обновен во март годинава – соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Априлско заседание

Последниот состанок на Советот на С9 се одржа на 24 и 25 април, и тогаш во присуство на Папата беа сите членови на советот и секретарот, монсињор Марко Мелин. Меѓу повеќето теми за кои се разговараше во таа прилика беа војните и конфликтите во многу делови од светот, како и потребата целата Црква да работи заедно за изградба на мир. Дополнително, се разговараше за подготовките за Синодата во октомври и за спроведувањето на Апостолската конституција Praedicate Evangelium, која беше објавена на 19 март 2022 година.

Обновен составот на Кардиналскиот совет

Како што споменавме, членовите на новиот Совет – обновен на 7 март 2023 година – се кардиналите Пјетро Паролин, државен секретар; Фернандо Вергез Алзага, претседател на Папската комисија за државата Ватикан и управата на државата Ватикан; Фридолин Амбонго Бесунгу, надбискуп на Киншаса; Освалд Грацијас, надбискуп на Бомбај; Шон Патрик О’Мали, надбискуп на Бостон; Хуан Хозе Омела Омела, надбискуп на Барселона; Жералд Лакроа, надбискуп на Квебек; Жан-Клод Холерих, надбискуп на Луксембург; Серџо да Роша, надбискуп на Сан Салвадор де Баија. Секретар е монсињор Марко Мелино, титуларен бискуп на Кресима.

Воспоставување

Кардиналскиот совет беше основан од папата Фрањо со хирограф од 28 септември 2013 година, со задача да му помогне во управувањето со општата Црква и проучувањето на проектот за ревизија на Римската курија, утврдена со новата Апостолската конституција Praedicate Evangelium. Првиот состанок на Советот на C9 се одржа на 1 октомври 2013 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот