Една од најстарите цркви во Глазгов, посветена на Свети Симон, позната и како „Полска црква“, бидејќи ја посетува полската католичка заедница која живее во најголемиот шкотски град, изгоре во пожар што избувна во раните утрински часови во средата, 28 јули.
„Фала му на Бога што нема жртви во пожарот“, објави на Твитер надбискупијата Глазгов, објавувајќи слика од црквата уништена во пожарот. Пожарот за кратко време ја зафати внатрешноста на црквата, а од интензитетот на пожарот се урна покривот. Повеќе од триесет пожарникари беа ангажирани во гаснењето на огнот. Причината за пожарот сè уште не е позната. Тажен крај за многу саканата парохиска црква и духовен дом на полската заедница во Глазгов“, додава надбискупијата.
Ватикан њуз/к.мк