Во Петралници прославен патрониот празник

Петралинци, 24.5.2013 /к.мк/ – Патрониот празник на парохиската црква Свети Кирил и Методиј – Петралинци, 24 мај се прослави свечено со света Литургија на која покрај парохот о. Гоце Костов, присуствуваа и повеќе свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија.

Во преполната црква о. Ристо Самарџиски во својата проповед говореше за животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, како и нивниот допринос за распространување на Словото Божјо меѓу словенските народи.

На крајот од светата Литургија о. Гоце Костов ја најави молитвената акција на младите од Петралинци насловена како: „Дојди на пет минути со Господ“, која ќе се одржува секој четврток во парохиската црква со почеток во 20.00 часот.

Прославата на патрониот празник заврши во парохиската сала со прием за присутните гости, организиран од црковниот одбор.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<