Во Папскиот дом сите треба да ја почувствуваме семејната топлина
Папскиот дом е место каде секој член на Црквата искусува „семејна топлина“ и „поддршка“ на сопствената вера – рече Папата на 16 јануари, говорејќи на одговорните за прифаќање на гостите за време на аудиенции, славења и службени приеми, кои ги прима Папата претпладне на аудиенција.
Папскиот дом во Ватикан им припаѓа на сите верници, Исус е „поглавар“ на домот, а работниците се во служба на Исусовата општа порака на љубов. Така папата Фрањо ја сфаќа службата на најстарата група работници на Папското семејство, приматели на гости кои со нивните семејства ги прими на аудиенција. Нивното службено име „работници на претсобјето“ потекнува од 1968 година, кога папата Павле VI го навел во документот Моту Проприо „Pontificalis Domus”, меѓутоа според историчарите името потекнува од времето на папата Клемент VIII, кога групата работници се нарекувала витези на компасот (Cavalieri della Bussola).
Од таа долга традиција произлегува должноста и одговорноста, и особено свеста на тие работници. Да се запрашаме: Кому му припаѓа Папскиот дом? Кој е поглавар на домот? Папскиот дом е на сите членови на Црквата, кои тука чувствуваат гостољубивост, семејна топлина и поддршка на својата вера. Вистинскиот поглавар на куќата е Господ, чии ученици сме сите, служители на Неговото Евангелие. Тоа бара со Него во молитвата да негуваме дијалог, да растеме во Неговото пријателство и интимност, и да ја сведочиме Неговата милосрдна љубов кон сите – заклучи папата Фрањо.
Светиот Отец е благодарен на работниците за нивното служење за време на државните посети и аудиенции. Вие сте дома, многу ја ценам вашата грижливост и срдечност во извршувањето на службата со духот на љубезноста, носењето на љубовта спрема Црквата и Папата. Затоа на вашата работа ѝ е потребна душа. Вчера за време на светата Литургија слушавме за младиот Самуел кој, додека бил во Храмот, го слушнал Божјиот глас и се одзва. И овие простори се места во кои треба да се слуша Бог Кој ви говори, Кој ве повикува да му одговорите и великодушно да Му служите. Ако се служи со тој дух, тогаш вашата служба може да биде можност за соопштување на радоста што припаѓате на Црквата – заклучи Светиот Отец.
РВ/С.С