Во Нигерија киднапиран католички епископ

Во Нигерија киднапиран католички епископ

Непознати напаѓачи во недела 27 декември го киднапираа помошниот епископ на нигериската бискупија Овери Мосеса Чикве, пишуваат локалните медиуми, а на 29 декември пренесе Катпрес.

Ординариј монс. Виктор Обина потврди за изданието „Premium Times“ дека епископот на Чикве и неговиот возач во неделата навечер се киднапирани од непознати луѓе, а празниот автомобил на епископот е во близина на катедралата во Овери.

Тоа е веќе второ киднапирање на некој духовник овој декември во тој регион на истокот од Нигерија. Состојбата во најнаселената африканска земја веќе долго е многу тензична.

 Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот