Папата Фрањо служеше света Литургија во присуство на сите кои се грижат за него деновиве. По спорадичниот случај со покачена температура, Папата нема повеќе висока температура, а во недела ќе моли Ангел Господов од болницата Џемели.
Папата Фрањо „помина тивок ден со вообичаен клинички тек. Продолжи редовно да јаде и ги прима планираните третмани – објави директорот на прес-центарот на Светиот Престол Матео Бруни. Папата – стои во соопштението на Ватикан – се раздвижува по ходникот на болницата и чита. Во попладневните часови служеше светата Литургија во капелата во апртманот, а присуствуваа сите што се грижат за него во текот на овие денови на хоспитализација.
„По благата покачена температура“, рече Бруни, „Светиот Отец е апиретичен“. Што се однесува до следната недела, додаде тој, молитвата Ангел Господов ќе ја моли од 10-тиот кат на универзитетската болница Агостино Џемели. Светиот Отец – стои на крајот од соопштението – „се заблагодарува големиот број пораки со љубов и близина кои ги прима секој ден и ги замолува сите да продолжат да се молат за него“.
Ватикан њуз/к.мк