Светиот Отец во својата молитвена накана за март повикува да се моли за прогонетите христијани – католици, православни и протестанти.
„Колку само луѓе се прогонети заради својата вера, колку се присилени да ги напуштат своите домови, местата на богослужба, своите земји, своите сакани! Се прогонуваат и се убиваат затоа што се христијани, а тие кои ги прогонуваат не прават разлика меѓу верските заедници на кои им припаѓаат. Затоа ве прашувам: Колку од вас се молат за прогонетите христијани? Ве поттикнувам да се молете со мене за да ја почувствуваат поддршката на сите Цркви и заедници во молитвата и по пат на материјална помош,“ рече папата Фрањово видео пораката која можете да најдете на нашата страна.
РВ/к.мк