Во Колумбија, ноќта помеѓу 27 и 28 јули 2017 година во Порто Валдивија, во областа Антиокиjа е убиен младиот свештеник патер Диомер Елвер Чавариjа Перез.
Мотивите за убиството треба да се утврдат. А веста за убиството – известува агенцијата СИР – е објавена доцна, меѓу останатото и заради тоа што на полициските сили не им било лесно со сигурност да му пристапат на подрачјето на кое е сторено убиството, кое е небезбедно и често го обиколуваат герилците на Армијата на националното ослободување (ELN) и криминални банди.
Жалост во Црквата во Колумбија
Во соопштението кое го објави на својата интернет страница, Колумбиската бискупска конференција изразува жалост заради убиството и го осудува. Тој свештеник е жртвуван во извршувањето на своето послание – пишува надбискупот Хорхе Алберто Оса Сото и додава: „Му се обраќаме на Господ за нашиот свештеник да биде примен во домот на Отецот; повикуваме преобраќање на неговите убијци и го осудуваме секој облик на насилство кој му се заканува на животот и на достоинството на човекот.
Триесет годишниот патер Диомер Елвер Чаварија Перез за свештеник на 19 март 2012 година го ракоположи токму епископот Оса Сото. Во четвртокот утрото, според локално време, верниците го чекале на света Литургија, но бидејќи не се појавил, група верници отишле да го побараат во неговиот дом. Таму го пронашле мртов, убиен од огнено оружје.
РВ/к.мк