Во Катедралата во Струмица прославен денот на болните
Во недела 9 февруари 2014 година во Катедралната црква Успение на Пресвета Богородица во Струмица Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија служеше света Архиерејска Литругија по повод Светскиот ден на болни, кој се слави на празникот Пресвета Богородица Лурдска.
Во својата проповед епископот Стојанов говореше за болните и ја истакна смислата на христијанското трпење.
На крајот од Светата архиерејска Литургија следуваше процесија околу црквата со статуата на Пресвета Богородица Лурдска, а заврши со молитва и благослов за болните. Под водство на сестра Тереза Стојкова Катедралниот хор од Струмица ја возвеличи прославата.
Денот на болните се слави на празникот Пресвета Богородица Лурдска, а е воспоставен од папата Иван Павле II во 1992 година со цел да се поттикнат луѓето за да се ангажираат спрема своите можности за нега и потребите на болните, изградба на похуман свет и подигање на свеста за потребите на овие лица, како и да им се заблагодари на сите оние лица и установи кои се вклучени во работата со болните.
го*ко