Во Ватикан 30 нови швајцарски гардисти стапија во служба

Денес во Апостолската палата, во домот на Папата се чувствува празнична атмосфера – рече на 6 мај во дворот Свети Дамаз надбискупот Џовани Анџело Бекиу заменик за општи работи во државниот секретаријат пред воведувањето во служба на 30 нови членови на Швајцарската гарда.Свеченоста како и секоја година се одржува на денот на кој се спомнува на херојската жртва на 147 гардисти кои загинаа на 6 мај 1527 година во текот на „грабежот на Рим“ кои не се двоумеле дали да ги жртвуваат своите животи за да го заштитат папата Клемент VII, пишувајќи така неизбришлива страница во историјата. Се спасиле само 42; оние кои го придружувале Папата во Ангеловата тврдина.

Таа жртва – рече командантот Даниел Анриг – и денес го отелотворува духот на службата и големата посветеност на Светиот Отец. Се колнам дека верно и посветено ќе му служам на Првосвештеникот и дека ќе ги вложам сите свои сили за него, па и ставајќи го сопствениот живот во опасност… Не го збогатува животот парите, забавата, консумизмот или нешто слично туку  посветеноста и жртвата – рече командантот.

Надбискупот Бекиу пак ги поттикна новите гардисти во своите молитви да се доверат на свети Иван Павле II и свети Иван XXIII. Молете ги да ви помогнат својата задача да ја вршите на најдобар можен начин. Станува збор за секојдневни обврски – како што рече капелан Маркус Хеинц – вдахнато од неопходно потребните вредности.

Драги гардисти, другата страна на медалот на вашата служба, освен храброста е и верноста – рече капеланот и објасни дека тоа значи да бидеш подготвен да се заземеш со целото битие не само во крајни ситуации, туку и во секојдневните случувања во служба и животот во гардата. Обврската која се извршува скриена од јавноста, не е малку херојска и не бара малку сила. Верен и силен е оној кој знае да се спротистави на тешкотиите и искушенијата, да истрае во настојувањето да прави добро, да ги надмине препреките – истакна капеланот.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот