Во Канцеларијата за печат на Светиот Престол на конференцијата на која новинарите учествуваа онлајн, Годината посветена на семејството – Amoris laetitia ја претставија префектот на Дикастеријата за лаици, семејство и живот кардиналот Кевин Фарел и потсекретарката Габриела Гамбино.
Папата Фрањо најави година посветена за размислување и подлабоко проучување на содржината на Апостолскиот поттик Amoris laetitia на празникот на Светото семејство 27 декември 2020 година и на 14 март оваа година по молитвата Ангел Господен, повика на „обновен и креативен пасторален занес за семејството да се стави во центарот на Црквата и општеството.“
Годината започнува на празникот на Свети Јосиф 19 март 2021 година, пет години по објавувањето на Amoris laetitia, а ќе заврши на 26 јуни 2022 година по повод 10 Светска средба на семејствата на која ќе учествува и Папата.
Размислувањата од Апостолскиот поттикот Amoris laetitia кој е плод на синодата за семејството одржана во 2014 односно 2015 година, потпишана на 19 март 2016 година ќе бидат потоа ставени на располагање на црковните заедници и на семејствата за да ги придружуваат на нивниот пат.
Годината на семејството – Amoris laetitia ќе биде добра прилика да созреат плодовите од тие синоди не само на различни подрачја во Црквата, туку и во самото семејство, истакна кардиналот Фарел. Изрази надеж дека тоа ќе доведе до „промена на менталитетот“ и семејството нема да се набљудува само како објект на пасторалот, туку како субјект. Семејствата се полни со можности и дарови за целото општество и за Црквата, затоа би требало да станат актери и во парохиите и во бискупиите; треба да им се даде повеќе простор, тие се порака на надеж за целиот свет, а посебно за младите, истакна префектот на Дикастеријата за лаици, семејство и живот. (…)
„Како сопруга и мајка како и сите останатите ги доживувам тешкотиите на ова време што се однесуваат на бракот и семејството, но исто така ме потресуваат пораките и писмата кои на мојата маса пристигнуваат од целиот свет кои изразуваат надеж и благодарност на Црквата, истакна потсекретарката на Дикастеријата за лаици, семејство и живот Гамбино. Смета дека за Апостолскиот поттик Amoris laetitia во последните години многу е напишано и расправано, но „сега настапи времето за делување.“
Amoris laetitia има многу што да каже, содржи пасторални стратегии и совети за кои можеме да размислуваме и меѓу редови. Папата повеќе пати истакна дека текстот не треба да се чита само како „што смее, а што не“. За жал во последните години големо внимание привлече само еден нејзин дел. Затоа поттикот во оваа Година би требало да го читаме во целина, да се земаат во предвид сите нејзини духовни и пасторални аспекти за кои малку се зборуваше, а се однесуваат во голем дел на семејството, како што се размислувања за емоционаните, чувствителните и сексуалните елементи на љубовта, отвореноста за живот, различни видови на односи кои се живеат во семејството, како и совети за воспитание на децата, сите тие се прашања кои многу го интересираат на семејството, порача Гамбино.
Брачниот пар Валентина и Леонардо Непи ја истакнаа радоста што во Годината што настапува со обновен дух ќе ја живеат припадноста на Црквата; и покрај пандемијата во атмосфера на надеж.
Дикастеријата за лаици, семејство и живот отвори и посебна страница по повод Годината на семејството, а папата Фрањо секој месец ќе упатува пригодна видео-порака.
Ватикан њуз/к.мк