Во Варшава е одржана средба на преседателите на Епископските конференции и кардиналите од Средна и Источна Европа

Во Варшава на 6 и 7 март се одржа средба на преседателите на Епископските конференции и кардиналите од Средноисточна Европа. На повикот на кардинал Петер Ердо, преседател на Советот на европски епископски конференции (CCEE) и надбискупот Јосеф Мичалик, преседател на Епископската конференција на Полска во Варшава се собраа кардинали, надбискупи и бискупи од Унгарија, Хрватска, Чешка, Словачка, Украина, Литванија, Белорусија и Полска – е истакнато во соопштението објавено на крајот на средбата.

Во центарот на првиот дел од работата беа главните предизвици поврзани со семејството во контекст на новата Епископска синода. Дваесет и две години по падот на комунистичкиот режим, состојбата осебно е слоевита, и од неа произлегуваат заедничките предизвици. Општиот преглед покажува одредени сличности и на правно ниво и на нивно на секојдневниот живот.

Посебно е истакнато – како што стои во соопштението – тешката состојба на семејството, демографскиот пад и сѐ поголемиот број на разведени бракови; но и пасторалното заземање е насочено кон повторно откривање на семејниот живот и новиот менталитет што се однесува на отвореноста за живот и верското воспитание. Епископите ја истакнаа улогата на движењето про фамилија, самите семејства вклучени во пасторал и проекти насочени кон заштита на бракот помеѓу мажот и жената, како што е примерот со референдумот одржан во Хрватска – се истакнува во соопштението.

Се зборувало и за подготовка за брак и семеен живот и тоа не само во пресрет на венчавката, туку и во адолесценцијата. Се покажало дека сведоштвото на семејниот живот е најуверлива метода во подготовка за брак и семејство. Епископите посебно инсистирале на важноста за проширено семејство, кое е општествено и економско богатство за денешните и идните општества, во смисла на солидарност и бесплатност, кое што државите би требало сѐ повеќе да го вреднуваат.

Што се однесува пак до се повеќе раширениот заеднички живот без никаква институционална потврда како и другите тешки ситуации, епископите истакнале дека се потребни парохии кои се вистински гостољубиви заедници. Треба да се преиспита способноста на нашите заедници за прифаќање на сите луѓе, покажувајќи Божја љубов кон сите.

Учесниците се осврнале и на присутноста на Црквата во општествата во различни земји. Да се пронајдат нови облици на присутност, по промената на режимот, по многу страдања, што ги имало и уште се голем предизвик. Меѓутоа, – како што е истакнато во соопштението – споменот на бројни маченици охрабрува никогаш да не се губи надежта и сигурноста во Божјата присутност.

Црквата настојува да ја гарантира својата присутност на општествено ниво во согласност со својот идентитет и со значајни средства да се залага во воспитувањето на младите во парохиите и во училиштата – е кажано на собирот на кој освен тоа, се споредени и искуства во поедини држави, што се однесува до враќањето на конфискуваните црковни добра.

Црквата и преку лаиците го обновува важното послание во моралното воспитување, без кое нема општествена стабилност. Затоа во денешните прилики многу е важно воспитанието и внимателно следење на постојаните формации на вероучителите. На собирот, освен тоа, е даден краток осврт и на улогата на помирување која Црквата ја има на национално,но и на меѓународно ниво.

Учесниците на средбата молеа за Украина која поминува низ многу чувствителни моменти и е изразена надеж за скоро подобрување на состојбата за мир и добро на сите луѓе – се истакнува во соопштението.

РВ/Д.И.

1495

Категорија: Свет

За авторот