Во Божји раце – размислување за задушница
Ние луѓето на денешницата не знаеме што да направиме со смртта. Понекогаш ни се случува само да ја игнорираме или за неа да не зборуваме. Што порано да го заборавиме тој тажен настан, што порано да ги извршиме потребните религиозни или граѓански обичаи и повторно да се вратиме во нашето секојдневие. Но, порано или подоцна, смртта доаѓа во посета на нашите домови ни ги грабнува нашите блиски. Затоа како да реагираме пред смртта која засекогаш ни ја краде нашата мајка? Каков став да заземеме пред нашиот сакан сопружник кој ни го искажува последното збогум? Што да правиме со празнината во нашиот живот која ни ја оставаат нашите пријатели? Смртта е еден вид на врата низ која мора да помине секој човек поединечно. Еднаш затворена, умрените засекогаш ни се сокриваат. Не знаеме што му се случило. Тоа битие – толку драго и близу – сега се губи во неистражливата Божја мистерија. Како можеме да се однесуваме кон неа?
Ние – Христовите следбеници – да не запреме на пасивното помагање на смртта. Верувајќи во Христос Воскреснатиот, да го следиме со љубов и молитва на неговата мистериозна средба со Бог. Во христијанската Литургија за покојните нема жалост, револт или очај. Во центарот е молитвата на доверба: Во рацете твое, Оче на добрината го доверуваме животот на нашиот брат. Каква смисла денес имаат погребите на кои се собираат луѓе со различни чувства пред тајната на смртта? Што можеме заедно да направиме ние верниците, слабите верници, неверници? Со текот на годините сме се промениле одвнатре. Сме станале покритични, но во исто време послаби и ранливи; се повеќе сме недоверливи, но и несигурни. Не ни е лесно да веруваме, но ни е тешко и да не веруваме. Живееме во полн сомнеж, но не знаеме да ја пронајдеме надежта. Понекогаш имам обичај да ги повикам присутните на погребот на нешто што сите можеме да го направиме, секој започнувајќи од својата мала вера. Од срце кажи му на твојот мил покоен зборови полни со љубов кон него, скромно повикувајќи го Бог:
„Продолжуваме да те сакаме, но не знаеме како повторно ќе се сретнеме со тебе, ниту што да направиме за тебе. Нашата вера е слаба и не знаеме добро да молиме. Затоа те доверуваме на Божјата љубов, те оставаме во неговите раце. Денес таа Божја љубов за тебе е најсигурното место од сето она што можеме да ти го понудиме. Уживај во потполниот живот! Бог те сака како што ние не знаевме да те сакаме. Еден ден повторно ќе се сретнеме.“
„Верувајте во Бог и во Мене верувајте“ тоа е Исусовата порака.
Вера и дела/ dr. sc. José Antonio Pagola превод dr. sc. Zdenko Ilić/к.мк/Д.И.