Во Бистренци прославен празникот на сите Светци

Во недела 1 ноември 2015 година на празникот Сите светии група Словенци од Скопје заедно со амбасадорот на Република Словенија г-дин Бранко Раковец присуствуваа на панахидата пред споменикот на починатите Словенци за време на Втората светска војна, како и на Светата Литургија во црквата Свети Јосиф. На панахидата присуствуваше и претседателот на месната заедница г-дин Живко заедно со своите сожители кој искрено ги пречекаа гостите и им го покажаа обновеното училиште помогнато од поранешните словенски амбасадори.

За време на Светата Литургија словенци од друштвото испееа неколку песни што уште повеќе го возвеличи празникот.Отец Димитар Ташев во проповедта ја истакна важноста за светоста, дека сите сме повикани да бидеме свети, а не само да ги спомнуваме светците.

На крајот следеше дружење со сите присутни во црковниот двор.

к.мк/о.Д.Т.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот