Во Банги поставен камен темелник на нова детска болница

Во Банги поставен камен темелник на нова детска болница

Во Банги, главниот град на Централноафриканската Република и „духовниот главен град на светот“, како што го нарече папата Фрањо во текот на својата апостолска посета на таа земја на 29 ноември 2015 година, е поставен камен темелник на новата детска болница.

Проектот кој го поддржува римската педијатриска болница Бамбино Џезу го финансира папата Фрањо.

Кога папата Фрањо ми зборуваше за проектот за Банги – се присетува Мариела Енок претседателка на болницата Бамбино Џезу – не се однесуваше само на болница, туку и на обезбедување дом на оние кои повеќе го немаа. Целиот процес започна пред една година – додаде Енок – а пред неколку месеци е завршен. Во градот Банги, во две парохии, во семинаријата, и кај кармилитаните и фрањевците, луѓето повеќе не се во шатори, туку сите се во куќи. Тоа го финансираше Папата – истакна претседателката на римската детска болница.

Болницата Бамбино Џезу својата истрајна работа за детска болница во Банги ја започна пролетта минатата година, откако Папата токму во тој град го означи почетокот на Јубилејот на милосрдието, отворајќи Света врата пред предвидениот датум. Сите ние – рече тогаш Светиот Отец – да се молиме за мир, милосрдие, помирување, прошка, љубов. Да се молиме за мир во Банги, за Централноафриканската Република и за сите земји кои страдаат заради војна, и да молиме заедно за љубов и мир – поттикна тогаш папата Фрањо.

Тие се пророчки зборови, изгледа, после една година војна и конфликти меѓу бројните политичко-воени групи, добиваат облик на договор потпишан во Рим на 20 јуни ова година, благодарение на посредувањето на Заедницата свети Егидиј. Како што рече Мариела Енок – децата во Банги можат да бидат лекувани како децата во Рим.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот