Аргентинските сенатори гласаа со 38 гласа „против“ и 31 глас „за“ и така го отфрлија законот кој требаше да го легализира абортусот до 14. седмица од бременоста па сѐ до раѓањето во случај на силување, малформација и опасност по животот на мајката. Истиот тој закон е изгласан од Долниот дом во месец јуни.
Засега законот е oтфрлен, што значи Долниот дом повеќе нема да може да го вметне во оваа законска година, но може да се обиде тоа да го стори следната година.
За време на дебатата во парламентот, претседателот на аргентинската бискупска конференција, кардинал Марио Аурелио Поли, бискупот Оскар Охеа и Апостолскиот нунциј Леон Каленга Бадикебеле во среда вечерта заедно со илјадници верници и pro-life приврзаници во преполната катедрала во Буенос Аирес служеше „света Литургија за животот“.
„И неродените имаат право на живот, да припаѓаат на нашата историја, на нашата земја, каде има место за сите и никој не смее да се третира вишок“, предупреди кардинал Поли.
Откако беа објавени резултатите pro-choice активистите предизвикааа неколку пожари и избија нереди, по што мораше да интервенира полицијата.
Катнет/к.мк