Во Алепо луѓето гладуваат

Нашиот народ во Алепо е без храна, вода, светло и живее во страв од тоа што ќе донесе утрешниот ден, гледајќи во небото за да видат дали паѓаат гранати. Со тие зборови католичкиот ерменски архиепископ на Алепо, Бутрос Марајати, кој во среда 6 август, после Генералната аудиенција во салата Павле VI се сретна со папата Фрањо, опишувајќи ја „горката вистина“ за христијаните во Сирија.

Единствениот можен излез е безусловен прекин на огнот, кој на завојуваните страни ќе им овозможи слободен дијалог за пронаоѓање на решение, кое на народот ќе му обезбеди благосостојба – изјави архиепископот за Осерваторе Романо.

Архипископот на Светиот Отец му донесе „болка и надеж од сириските христијани“ и му ја претстави Џему Јаџи, мајка на две деца, која служи во една парохија, а во училиштата предава веронаука, и покрај гранатите, од кои не беше поштедена ниту архиепископската резиденција. Токму храброто сведочење на бројните верници ја одржува надежта на опколениот град, кој засега нема изглед за мир – рече архиепископот Марајати.

РВ/го*ко

Категорија: Свет

За авторот