Воздвижение на чесниот и животворен Крст – Крстовден

Воздвижение на чесниот и животворен Крст – Крстовден

Крстот, знак за најстрашната смртна казна, за христијанинот е дрво на животот, престол, олтар на Новиот Завет. Од Христос, новиот Адам кој заспа на крстот, произлезе Света Тајна за восхит во целата Црква. Крстот е знак за Христовото Господство врз оние кои во светото Крштение нему Му се конфигурирани во смртта и во славата. Во традицијата на Светите Отци крстот е знак на човечкиот Син кој ќе се појави на крајот на времињата. Празникот „Воздвижение на Крстот“, кој на Христијанскиот Исток е парагониран со Велигден, се поврзува со посветеноста на костантинополските базилики, изградени на гората Голгота и на Христовиот Гроб.

„Празникот Воздвижение на Светиот Крст, ден по посветувањето на базиликата „Воскресение“ изградена врз Христовиот Гроб, е воздигнат и почитуван како трофеј на пасхалната победа и знак во небото за да им го навести на сите второто Господово доаѓање.“

(Мартирологија)

„Ние го прославуваме празникот на светиот Крст, преку кој бил истеран мракот и била вратена светлината. Да го прославуваме празникот на Светиот Крст, и така заедно со Распетието и ние да бидеме воздигнати. Всушност се одвојуваме од земјата на гревот и се искачуваме кон висините. Такво и големо е богатството на Крстот, така оној кој го поседува, тој има едно вистинско богатство. И со право така го нарекуваме, затоа што по име и по дело е најскапоцен од сите добра. Во него престојува целото наше спасение. Тој е средството и пат за враќање во првобитната состојба.

Ако вушност не би постоел крстот, не би бил распнат ниту Христос. Ако не би постоел крстот, Животот не би висел на дрвото. Ако потоа Животот не би бил прикован на дрвото, од неговите ребра не би протекол оној извор на бесмртноста, крв и вода, кои го прочистува светот. Пресудата од запишаната осуда за нашиот грев не би била поништена, ние не би имале слобода, не би можеле да го вкусиме дрвото на животот, рајот не би бил отворен за нас. Ако не би бил крстот, смртта не би била победена, пеколот не би бил испразнет.

Затоа Крстот е навистинна еден прекрасен ресурс, затоа што, преку него, примивме многу добра, многу побројни отколку што заслуживме, но по заслуга на чудата и на Христовото страдание. Потоа Крстот е скапоцен затоа што во исто време тој е страдање и трофеј Божји. Страдање заради својата доброволна смрт на него. Трофеј затоа што со него беше победен демонот и со демонот беше поразена смртта. Пред сѐ силата на пеколот беше ослабната, и на тој начин Крстот стана заедничко спасение за целиот универзум. Крстот е слава на Христа, возвишување на Христос. Крстот е скапоцен и непроценлив  калеж кој ги собира сите Христови страдања, тој е целосна синтеза од неговата страст. За да бидеме убедени дека крстот е Христовата слава, да го слушнеме она што тој вели: „Сега се прослави Синот Човечки, и Бог се прослави во Него. И ќе го прослави веднаш“ (Иван 13. 31-32). И повторно: „Прослави Ме, Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата што ја имав во Тебе, уште светот пред да настане.“ (Иван 17, 5). И уште: „Оче, прослави го името Свое! Тогаш дојде глас од небото: Го прославив, и пак ќе Го прославам.“ (Иван 12, 28), за да ја покаже таа слава која била достигната тогаш на Крстот. Дека крстот е исто така возвишување на Христос, да слушнеме што тој самиот вели: кога ќе бидам издигнат, сите ќе ги привлечам кон Себе (сп. Иван 12, 32). Значи навистина Крстот е слава и возвишување на Христос.“

(Од „Беседите“ на свети Андреј Критски, ПГ 97)

„Возвишениот крст го повикува целото создание да пее химни на безгрешното страдание на Оној кој на него беше издигнат: на Крстот Тој зададе смрт на оној кој ја донесе смртта, ги воскресна мртвите, очистувајќи ги, ги направи достојни, во своето милосрдие и бескрајна добрина, да живеат на небесата… Мојсеј те предвести испружувајќи ги рацете кон висините и гонејќи го тиранинот Амалек, о преподобен Крст, слава на верниците, поткрепа на мачениците, украс на апостолите, одбрана на праведните, спасение на сите светци. За тоа, во очите на твоето возвишение, созданието се радува и го прославува Христа, чија екстремна добрина за тебе го соедини тоа што беше разделено.

Дојдете, верници, да му се поклониме на животворното дрво: на него Христос, Цар на славата, ги протегна рацете и нѐ возвиши до првобитното блаженство кое го беше одземал непријателот… Дојдете, верници, да му се поклониме на дрвото благодарение на кое сме сметани за достојни да ги скршиме главите на невидливите непријатели. Дојдете, сите семејства од народите, со нашите песни да му се поклониме на Господовиот Крст…

Му се поклонуваме на твојот Крст, Господи, и го прославуваме твоето свето воскресение.

(Текстови од Византиска вечерна молитва)

LiturgiaDellaSettimana/З.А

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот