И покрај безбедносните мерки поради корона вирусот, ораториумите на Миланската надбискупија и понатаму остануваат со децата кои учествиваат на нив. Програмата за сите возрасти може да се следи по пат на интернет, а почнуваат во утринските часови. Во текот на денот децата можат заедно да решаваат разни задачи, додека пред спиење можат да слушаат „приказна за добра ноќ“.
Иако покрај безбедносните мерки со цел спречување на ширењето на заразата со коронавирусот морале да ја затворат својата врата, ораториумот на Миланската надбискупија и понатаму по виртуелен пат на децата им даваат можност за следење на квалитетни содржини, посебно прилагодени за сите возрасти. Бидејќи веќе не можеле физички да ги соберат во просториите кои предходно биле користени за таа цел, воспитувачите и свештениците се организираа како секојдневно би биле во контакт со децата и како тие на друг начин би можеле да учествуваат во активности кои предходно се одвивале секојдневно. Во тој проект се вклучени четири парохии од периферијата на Милано.
Вероника Д’Ортензио, воспитувачка во една од ораториумите кој се наоѓа во парохијата во која живеат семејства кои се наоѓаат во големи економски проблеми, во интервју за Ватикан Њуз истакна дека изолацијата ја влоши нивната ионака веќе несигурна состојбата. За децата од оваа област учеството на нашиот ораториум е многу важно, бидејќи ги одалечува од најголемата опасност, улицата – рече Д’Ортензио и напомена: Тоа физички веќе не е можно, но и понатаму секојденевно доаѓаме до нив по виртуелен пат.
Најмладите и предадолесцентите ги следиме на нивниот образовен пат. Заедно ги пишуваме домашните задачи, но истовремено со нив разговараме за тоа како им поминал денот, обидувајќи се да видиме дали постојат ситуации во кои на некој начин треба да интервенираме, пружајќи психолошка или материјална помош – рече воспитувачката и истакна дека тие исто така во соработка со Италијанскиот спортски центар, организираа мало училиште за фудбал, во рамки на кој на децата по пат на мобилна апликација им праќаат видео снимки со вежби кои можат безбедно да ги извршуваат дури и дома, за време на долгите попладневни часови на карантинот.
Она што најмногу ме допира е кога родителите на овие деца ни се обраќаат за да се заблагодарат. Тоа се претежно млади жени со деца, честопати сами бидејќи сопругот или е во затвор или ги напуштил, оставајќи зад себе семејство во тешка економска или морална ситуација – рече воспитувачката. Освен на децата, ораториумот настојува да пружи подршка и на возрасните, од кои многумина сами се соочуваат со тешкотиите на присилна изолација. На крајот Вероника Д’Ортензио истакна дека за овие, честопати погодени семејства на периферијата на Милано ораториумот е и понатаму безбедна упоришна точка или, како што и кажа еден родител искра на светлина среде облакот на животот.
Ватикан њуз/к.мк