Викарот на Кустодијата на Светата Земја: Витлеем е затвор на отворено, сите се плашат од секого

Викарот на Кустодијата на Светата Земја, фра Ибрахим Фалтас, се потсети на тешката состојба во Светата Земја, истакнувајќи дека таму владеат „омраза и одмазда“.
„Сите се плашат од секого. Болка има насекаде, сите страдаат. Израелците и Палестинците страдаат. Евреите, муслиманите и христијаните страдаат“, изјави отец Ибрахим во интервју за еден италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.
Родното место на Исус, Витлеем на Западниот Брег, е целосно празно, истакна фрањевецот, додавајќи: „Градот е мртов“. Во Витлеем нема ходочесници, а жителите се без работа 22 месеци. Од градот се иселиле 175 христијански семејства. „Дали сакате да го видите Витлеем без христијани?“, прашува фра Ибрахим, добро позната католичка личност во Светата Земја. Тој нагласи дека состојбата е иста и во Ерусалим, каде што 90 проценти од христијаните се вработени во туризмот, а продавниците и хотелите се затворени.
Илјадници Палестинци кои работеа во Израел ги изгубија своите работни места, вели фра Ибрахим. По нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, немаат можност да патуваат во Израел. Ако Газа е гробишта на отворено, тогаш Витлеем и Западниот Брег се затвори на отворено, изјави викарот на Кустодијата на Светата Земја.
Фра Ибрахим предупреди на опасноста од плановите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за окупација на Газа. Ќе има уште повеќе човечки жртви, меѓу жителите на Газа и меѓу израелските војници. Ќе загинат и заложници. И ќе се случи уште поголемо уништување, иако тоа е тешко замисливо, заклучи фра Ибрахим Фалтас.
Ика/к.мк