Видео порака на Паоло Руфини до собранието на CEAMA

Видео порака на Паоло Руфини до собранието на CEAMA

Мудрост на срцето“, на која често се повикува папата Фрањо, е основен инструмент за „повторно откривање на патот кон целосна човечка комуникација“, нагласи Паоло Руфини, префект на Дикастеријата за комуникации, во видео пораката на шпански јазик до второто собрание на CEAMA (Црковната конференција на Амазон) што заврши во понеделник, 26 август, во Манаус, Бразил, по четири дена работа.

Комуникацијата, истакна Руфини, служи за „обединување на поделените“ и како таква е cum munus, т.е. „взаемен дар“ што произлегува од односот што се воспоставува „со зборување, слушање и разбирање на другиот“, дар кој ги испреплетува нашите разлики, нѐ прави заеднички членови, отсликува како сè е меѓусебно поврзано“. Во исто време, за да се „надмине колонизирачката инвазија“ на масовните медиуми, Руфини потсети на „важноста на комуникацијата што доаѓа од срцето, од мекото срце“ и која ни овозможува да преземеме чекори „кон изградба на подобар свет“. Свет во кој, истакна Руфини, наративот е „заснован на доброто и не се предава на злото“, а комуникацискиот систем се заснова „на хуманост, а не на машинска технологија или алгоритамска пресметка“, поттикнува дијалог, култура на средба и грижа за „заеднички дом“.

Така, соочен со „експоненцијалниот напредок“ на технологијата, дигиталните системи и вештачката интелигенција, префектот на Дикастеријата уште еднаш поттикна да се овозможи комуникација со „духовен поглед“, „чист поглед што може да го врати во единство она што го поделивме од себичност“. Со тоа се зајакнува и „трајната формација и преземање на колективна одговорност“ во одредена област. На крајот, Руфини не го заборави фундаменталниот збор „добар говор“, особено зборот „благодарам“ „кој, за жал, во денешно време се помалку се користи“.

CEAMA е основана на 29 јуни 2020 година и е резултат на специјалната Синода за пан-амазонскиот регион одржана во Ватикан во 2019 година. Од своето основање, ова тело си постави за цел да биде ефикасен инструмент за конкретизирање на многу предлози кои произлегоа од епископската синода, така што ќе делува како „мост“ помеѓу различните црковни и социо-еколошки иницијативи кои се создадоа на континентално и меѓународно ниво.

На средбата одржана во Манаус се собраа претставници на Црквите во Бразил, Боливија, Колумбија, Еквадор, Гвајана, Перу, Суринам, Венецуела и француски Амазон. Трудовите имаа за тема „Христос укажува на Амазон: заедништво, послание и учество“, а учесниците беа поделени на различни конференции и тркалезни маси фокусирани на ситуацијата во Амазон, во комбинација со анализа на контекстот на Instrumentum laboris на второто заседание на 16-то Редовно Генерално Собрание на Епискоспките Синоди што ќе се одржи од 2 до 27 октомври во Ватикан.

Ика

Категорија: Вести, Свет

За авторот