Темата која папата Фрањо ја одбра за Светскиот ден на мирот, 1 јануари 2024 година, е објавена на 8 август 2023 година од Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој: потребен е отворен дијалог за значењето на овие нови технологии, обдарени со силни потенцијални и амбивалентни ефекти, така што нивната употреба да биде заради заштита на заедничкиот дом, а не причина за создавање нееднаквост.
Напредокот во областа на вештачката интелигенција (ВИ) има сè подлабоко влијание врз човековите активности, врз личниот и општествениот живот, политиката и економијата, и поради оваа причина темата на пораката на папата Фрањо за следниот Светски ден на мирот, 1 јануари 2024 година, која ја објави Дикастеријата за унапредување на интегрален човеков развој, носи наслов „Вештачка интелигенција и мир“.
Одговорно насочување на вештачката интелигенција
Папата Фрањо – се вели во соопштението на Дикастеријата – поттикнува отворен дијалог за значењето на овие нови технологии, обдарени со силен потенцијал и амбивалентни ефекти, потсетувајќи на потребниот надзор и делување за да не се прошири логиката на насилство и дискриминација во производство и употреба на такви уреди, на штета на најслабите и исклучените: неправдата и нееднаквостите ги поткрепуваат конфликтите и антагонизмите. Затоа, итно е потребно разбирањето и користењето на вештачката интелигенција да се насочи на одговорен начин, за да биде во служба на човештвото и заштитата на нашиот заеднички дом, со потреба оваа етичка рефлексија да се прошири и на полето на образованието. и правото. Заштитата на достоинството на личноста и грижата за братството кое е навистина отворено за целото човечко семејство, имено, се апсолутно неопходни услови за да може технолошкиот развој да придонесе за унапредување на правдата и мирот во светот.
Ангажирање на Светиот Престол во „алгоретика“
Светиот Престол отсекогаш е внимателен за етичките последици од употребата на вештачката интелигенција, вклучувајќи во своите размислувања што е можно повеќе учесници на научно и технолошко ниво, како и соработка со други религии. На 10 јануари, Папската академија за живот поттикна проширување на документот „Римски повик за етика на вештачка интелигенција“, кој беше потпишан од компании како Мајкрософт и IBM во 2020 година, претставници на јудаизмот и исламот. Целта е да се промовира „алгоретика“ бидејќи, како што потсети претседателот на академијата, надбискупот Винченцо Паља, овие нови технологии можат да доведат до огромен развој, но и исто така и до огромна трагедија, бидејќи можат да го турнат човекот во некаква диктатура на технологијата која може да го уништи самото човештво. И во оваа смисла, постојаното ангажирање на Светиот Престо, исто така и во големите меѓународни организации како што се ОН во кои често ги истакнува ризиците и злоупотребата од користењето на вештачката интелигенција при вооружувањето и конфликтите.
Во 2024 година, се одбележува 57. Светски ден на мирот
Во 2024 година ќе биде одбележан 57. Светски ден на мирот, воспоставен од Павле VI во 1967 година, а единаесетти со папата Фрањо. Минатата година, темата беше „Никој не може да се спаси сам“, за светот по пандемијата Ковид-19. Меѓу темите опфатени во минатото беа дијалогот меѓу генерациите, културата на грижа, добрата политика и ненасилството, внимание кон мигрантите и бегалците.
Ватикан њуз/к.мк